Пресврт- Дешамп го избркал Бензема

Најдобриот светски фудбалер Карим Бензема се повреди по пристигнувањето на Мундијалот. Иако не беше целосно исклучен од списокот на пријавени играчи, напаѓачот на Реал Мадрид брзо се спакува и се врати во Шпанија.

Пред три дена целосно се опорави, дури одигра и пријателски натпревар за својот Реал, но се чини дека и така нема да дојде во големото финале против Аргентина в недела. Барем нема да биде во составот за натпреварот.

На последната прес-конференција на Дидие Дешамп беше прашан дали Бензема ќе игра против Аргентина, а францускиот селектор беше бесен.

– Нема да одговорам, следно прашање.

Зошто Дешамп се однесуваше вака? Се доаѓа од првите денови од собирањето на француската репрезентација, кога го исфрли Бензема. Напаѓачот на Реал Мадрид не си замина по своја волја, туку беше исфрлен од националниот тим.

Од Реал Мадрид велат дека на Бензема му биле потребни неколку дена да се опорави и дека „пријателскиот меч го одиграл без проблеми“.

Бензема е огорчен на Дешамп. Не го разбира третманот што го добил. По првите тренинзи во Катар, Дешамп му пришол на Карим и му рекол: „Штета што треба да си заминеш“.

Пораката не беше најјасна за Бензема, но сфати дека на некој начин Дешамп не го сака во тимот, па се врати во Мадрид. Чувствуваше дека не е потребен, дека во репрезентацијата ниту Дешамп, ниту некој од неговите соработници не се обиде да го натера Карим да биде со нив и да одигра барем минута на големиот турнир.

Реал би сакал Бензема да биде во Катар со репрезентацијата, но самиот напаѓач тоа повеќе не го сака, иако без разлика на се ќе добие статус на светски шампион доколку Французите ја победат Аргентина во финалето во недела.

 

Треба да знаете
Последни објави