Катја Авеиро, сестрата на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, жестоко проговори за елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година.
Португалија во четвртфиналето на турнирот во Катар загуби од Мароко (0:1).
– Го загубивме Светското првенство кога мал куп стаорци ја прославија победата над Швајцарија како победа над Роналдо. Во репрезентацијата нема клубови. Тимот е земјата. Но, за жал, лекцијата се уште не е научена во Португалија, напиша Авеиро на социјалните мрежи.
Аргентина и Франција се пласираа во финалето на Светското првенство 2022. Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 16 часот.