ВМРО-ДПМНЕ: Со оваа влада на СДС нема капитални инвестиции, туку само лаги и криминал

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Капитални инвестиции во време на владеењето на СДС нема. Бројките кои ги изнесува СДС се имагинарни и резултат на нивната статистичка гимнастика. Тие се одлепени од реалноста, но граѓаните не се. Граѓаните гледаат дека оваа власт предводена од СДС и ДУИ за 5 години потроши 20 милијарди евра и не направи ниту еден автопат, ниту еден клинички центар, ниту еден студентски град, ниту еден капитален проект.

Во бројките кои СДС ги книжи како капитални инвестиции влегуваат и 240 милиони евра за една година кои владата му ги исплатила Владата на ЕЛЕМ, и ваквиот податок е за срамење, а не за фалење. Од овие средства 97 милиони евра се дадени на ЕЛЕМ или ЕСМ на име на вложувања и нефинансиски средства т.е. им ги даваат како зголемување на основачки влог, а тие ги трошат за оперативно работење да купат струја, јаглен, плата, односно вистината е дека инвестиции нема.

Во услови кога трошат најголеми буџети кои се речиси двојно повисоки од времето кога не беа на власт, СДС требаше да направи барем еден сериозен капитален проект кој во овие 5 години ќе го отпочнеше и завршеше. Дури и оние проекти со кои сега се фалат се проекти отпочнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, кои сега се привршуваат со сериозно пробивање на роковите. Впрочем за тоа најдобар доказ е изградбата на автопатот Охрид – Кичево, а сериозен пример за нивната неспособност се и двата километри кон Блаце кои се градат веќе три години.

Со оваа власт на СДС нема капитални инвестиции, туку само лаги, манипулации и многу криминал.

Треба да знаете
Последни објави