Мароканскиот селектор не се задоволува со полуфинале: Можете да ме наречете луд, но јас верувам дека можеме да бидеме светски прваци !

Селекторот на Мароко, Валид Реграги, кој по изборениот мундијалски паласман ја доби довербата да го преземе кормилото на репрезентацијата од Вахид Халилхоџиќ, во чиј стручен штаб беше еден од асистентите, ги живее најубавите фудбалски моменти во кариерата.

Мароко направи историски успех на 22. Светско првенство во Катар со пласманот во полуфиналето како прва африканска селекција што стигнала до оваа фаза, но планот е да се оди докрај и да се освои „Златната божица“.

-Можете да ме наречете луд, но јас верувам дека можеме да бидеме светски прваци. Играме против актуелниот шампион Франција во полуфиналето, па потешко веројатно и не може, но ние покажавме дека одлично се снаоѓаме и во такви ситуации. Франција има фантастични играчи, не се само Мбапе, Гризман, Дембеле…, а имаат и најдобар селектор на светот – Дидие Дешамп. И покрај сè, ние сме сплотени и обединети како никогаш, ја имаме огромната поддршка од нашиот народ, од Африка, па и од целиот свет и верувам дека можеме да направиме подвиг и светски успех, изјави Реграги.

Мароканскиот селектор верува дека Ашраф Хакими може да го сопре Килијан Мбапе во дуелот на двајца играчи од редовите на Пари Сен Жермен, што е означен како клучен за исходот на утрешниот меч од 20 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави