22. Светско фудбалско првенство кое се одржува во Катар влегува во самата завршница. Преостануваат да се одиграат уште четири натпревари и да се знае конечниот редослед. Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ, кој со својата Шведска не учествуваше на овој Мундијал има свои очекувања за конечниот расплет. Напаѓачот на Милан очекува трофејот на крајот да заврши во рацете на Меси.
-Мислам дека веќе е запишано кој ќе биде новиот светски првак и знаете на кого мислам. Очекувам Меси да го крене трофејот, тоа е веќе запишано, истакна Ибрахимовиќ.
Аргентина вечерва ја чека полуфиналето во кое ќе се соочи со селекцијата на Хрватска.
-Не е толку важно што ќе кажам јас. Сите сакат да го освојат Светското првенство, но на крајот не можат сите да бидат победници. Јасно е дека емоциите ве совладуваат кога нема да успеете… има емоции и кога ќе го освоите мундијалот, но тие се сосема поразлични, додаде Швеѓанецот.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина се игра во терминот од 20:00 часот. Второто полуфинале Франција и Мароко е на програмата утре во истиот термин.