Илиевски доби награда за животно дело од општина Струмица

Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Владо Илиевски, ја доби наградата за животно дело од општина Струмица по повод одбележувањето на денот на заштитниците на овој град – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Илиевски е човекот кој го постигна највредниот кош во историјата на македонската кошарка.

На Европското првенство во Литванија во 2011 година Илиевски во последните секунди погоди тројка со која Македонија обезбеди пласман во полуфиналето каде што беше поразена од Шпанија.

-Струмица е мојот роден град, мојот дом, се започна тука. Првите шутеви ги имав на дрвениот рачно изработен кош од татко ми Илија и чичко ми Здравко, а со брат ми Димче тука почнав да ја учам кошарката, која подоцна стана моја опсесија и инспирација. Огромна благодарност на моите струмички тренери Павле Узунов, Петар Настев, Драган Јанков и Гоце Николов за сѐ што ме научија и за вербата која ја имаа во мене, изјави Илиевски на свеченоста.

Кариерата Илиевски ја започна во Неметали Огражден, а подоцна настапуваше за екипи како Партизан, Барселона, Олимпија, Лотоматика, Тау Керамика, Цедевита и Работнички.

Треба да знаете
Последни објави