На паровите обично им се советува да почекаат 6 недели од раѓањето на бебето пред да стапат во сексуални односи, но ново истражување нагласува дека всушност не постои специфично идеално време за тоа.
Искуствата се различни на оваа тема. Жените кои имале многу тешко породување и кои на своето тело имаат рани од операцијата на царскиот рез можеби ќе помислат дека 6 недели од породувањето е премногу рано. Но, жена која имала породување без компликации и брзо закрепнала можеби ќе почувствува потреба за интимен однос по само неколку недели од раѓањето на бебето.
„Временскиот рок од 6 недели е врежан кај паровите, но не можевме да пронајдеме докази кои би го поддржале. Всушност, науката нема конкретни докази за било кој временски рок кога станува збор за стапување во сексуални односи по породувањето“, вели главната авторка на истражувањето.
Од друга страна, Американскиот колеџ за гинекологија во соработка со други здравствени групи неодамна ја ажурираше препораката за постпородилна нега. Препораката е дека жените можат да имаат секс во рок од 3 недели по породувањето, но со редовна контрола во текот на првите 12 недели.
За потребите на ова истражување испитале 70 жени од Јужна Каролина за работи поврзани со нивното репродуктивно здравје.
„Откривме дека некои жени едноставно не беа сигурни во своето тело или чувствуваа болка и неудобност, некои биле само уморни и исцрпени од грижата за своето бебе“, вели Ди Марија за факторите кои биле препрека жените да стапат во редовни сексуални односи по породувањето.
Донесен е и заклучок дека жените не се чувствуваат удобно во врска со промените на нивното тело. Но, оние жени кои закрепнуваат од рани од царски рез или имаат сува вагина се исплашени повторно да имаат сексуални односи. Понекогаш и потсетувањето на болка во текот на породувањето може да биде застрашувачко. Но, како главен фактор за тоа зошто партнерите се помалку интимни откако ќе се роди бебе во семејството е земен уморот.