Шпанскиот фудбалски судија Матеу Лахоз, кој делеше правда на четвртфиналсниот фудбалски натпреварот на Светското првенство меѓу Холандија и Аргентијха е испратен дома ! Делителот на правдата по натпреварот кој „гаучосите“ го добија по изведување на пенали беше мета на критики кои му ги упати еден од најдоберите фудбалерит Аргентинецот Лионел Меси.
Лахоз на овој натпревар покажа рекордни 15 жолти картони.
ФИФА неколку дена по натпреаврот одлучи да го испрати Лахоз дома, иако важи за еден од најдобрите судии кој делеше правдата и во финалето од Лигата на шампионите.
Во Катар остануваат да се одиграат уште четири натпревари од Мундијалот, двете полуфинални средби, натпреварот за трето место и финалето, а ФИФА нема да смета на услугите на шпанскиот делител на правдата.