Кристијано Роналдо се осврна на настапот за репрезентацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година.
Португалците вчера загубија од Мароко во четвртфиналето.
– Освојувањето на Светското првенство за Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За среќа, освоив многу меѓународни трофеи, вклучително и со Португалија. Но да го доведам името на нашата земја на највисоко светско ниво беше мојот најголем сон. Се борев за тоа. Упорно се борев за сонот. За 16 години учествував на пет светски првенства, играв покрај одлични фудбалери и со поддршка од милиони Португалци. Дадов се од себе. За жал, вчера сонот беше скратен. Сакам сите да знаат: многу е кажано, многу е напишано, многу шпекулации, но мојата верност кон Португалија не се промени ниту за момент. Отсекогаш сум бил еден од оние кои се бореле за заеднички цели. И никогаш не би им свртел грб на соиграчите и на мојата земја. Сега немам што повеќе да кажам. Благодарам Португалија. Фала Катар. Сонот беше прекрасен додека траеше… Сега останува да почекаме додека времето не стане добар советник и ќе му дозволи на секој да донесе свои заклучоци, напиша 37-годишниот напаѓач на социјалните мрежи.
Роналдо кој сезонава ја почна во Манчестер јунајтед е во очекување на прифатлива понуда каде ќе ја продолжи кариерата по разделбата со клубот од „Олд Трафорд”.