Во Украина од руската агресија убиени 461 деца

Како резултат на агресијата на Русија, во Украина беа убиени 461 деца, а уште 919 беа повредени, пренесува Украинформ.

„Повеќе од 1.380 деца беа погодени во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Според официјалните информации доставени од обвинителите за малолетници, загинале 461 дете, а повеќе од 919 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност“, напиша на Телеграма Украинското Јавно обвинителство.

https://t.me/pgo_gov_ua/9351?embed=1

Се забележува дека овие бројки не се конечни, бидејќи се работи во областите на активни воени дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии.

Најмногу деца беа погодени во регионот Доњецк – 443, регионот Харкив – 270, регионот Кијив – 123, регионот Херсон – 86, регионот Запорижја – 84, регионот Миколаев – 83, регионот Чернихив – 68, регионот Луганск – 66 и регионот Днепропетровск – 6 .

Утврдено е дека на 2 февруари, како резултат на руско артилериско гранатирање, се запалил автомобил во градот Хола Пристан, регионот Херсон. Во автомобилот имало три лица, меѓу кои и 8-годишно момче. Детето починало.

Покрај тоа, со редовни воздушни напади и гранатирање на цивилна инфраструктура и станбени области од страна на руските вооружени сили беа оштетени 3.126 образовни институции. Од кои 337 се целосно уништени.

Како што објави Укринформ, Националната полиција на Украина добила 9.631 пријава за 9.764 исчезнати деца од 24 февруари 2022 година.

Извор: Фронтлајн

Треба да знаете
Последни објави