Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Северна Македонија

Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели.

Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Северна Македонија, и прва и обезбедила воена опрема.

Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Северна Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје.

– Нема да го прекинеме дијалогот со Република Северна Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев.

Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“. 

Треба да знаете
Последни објави