ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси.
Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации.
Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи со сите соседни држави, но и со целиот демократски свет, со цел забрзана интеграција во ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ јасно ја кажува нивната цел, попречување на европскиот пат, нарушување на односите со соседна Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат повторно да ја вратат државата во поделби и изолација, раскарана со сите соседи, како што тоа го правеа цели 11 години, но овој пат тоа нема да им успее, нема да ја попречат европската иднина на државата.