Килијан Мбапе беше добро покриен од англиската одбрана и само во неколку ситуации дојде до можност да направи нешто опасно во шеснаесетникот на противникот, но и за него е најважно што Франција избори место во полуфиналето на СП во Катар.
На спротивната страна, Англичаните добија два пенала, а тоа беше можност за Хари Кејн да го подобри својот скор на овој мундијал, нешто во што успеа половично. Кејн реализираше еден од двата пенала, а по промашувањето во завршницата ги приближи Французите до полуфиналето.
Мбапе немаше емпатија и не можеше да ги задржи емоциите. Тој испушти крик на воодушевување откако Кејн го промаши својот втор пенал на натпреварот.
Француските фудбалери воодушевено го опколија Лорис, додека англиските навивачи со неверување го гледаа сето тоа, а сега се појави и видео од реакцијата на Мбапе. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше забележан како удира со тупаниците и „вреска од среќа“ со блескава насмевка на лицето.
Медиумите во Англија пишуваат дури и дека Мбапе директно му се смеел на Кејн.
⚽️ La réaction de Mbappe suite au pénalty manqué d’Harry Kane. 🇫🇷😂#FRAANG #Qatar2022 #WorldCup2022
— MOTH 🦋 (@MOTHCREW) December 10, 2022