Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски, денеска одржаа заедничка прес-конференција посветена на прашањата за родовите, родово базираното насилство и начинот на известување на медиумите.
„Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето на целокупната јавност е огромно. Затоа од особена важност е споделување на точни информации од нивна страна, а наша задача како институции е да ги обезбедиме истите„ истакна Тренчевска во своето обраќање.
Таа посочи и на заложбите на министерството за труд и социјална политика во однос на унапредувањето на родовата еднаквост во државата.
„По ратификувањето на Истанбулската конвенција, се усвои Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а со тоа се придонесе за значително подобрување на институционалната и сеопфатна помош и поддршка на жртвите на родово базирано насилство. Целта е превенција и ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство со почитување на основните човекови слободи и права” рече Министерката.
Директорот АВМУ, д-р Зоран Трајчевски ја презентираше новата специјализирана веб страница за родот и медиумите. Страницата ќе биде ресурсен центар за медиумите, место каде што можат да најдат ресурси, информации, линкови за различни аспекти на родовите прашања, вклучувајќи го и родовозаснованото насилство, но и место на кое граѓаните можат да најдат корисни линкови и информации – вклучувајќи ги и институциите и организациите од кои можат да побараат помош во случај да се подложени на родовозасновано насилство.
Тој исто така посочи дека страницата се администрира од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а е прилагодена и за лица со оштетување на видот.
На веб страницата сите институции и граѓански организации можат да ги споделуваат материјалите и активностите кои ги работат на полето на родовите прашања, со што ќе придонесат да биде квалитетен ресурсен центар за сите новинари, истражувачи кои работат на оваа проблематика, како и за општата јавнос