„Тите е идиот, тој е виновен за елиминацијата од Хрватска“

Селекторот Тите е единствениот виновник за елиминацијата на петкратниот светски фудбалски првак Бразил од Мундијалот во Катар, е општата оценка на јавност во земјата на најтрофејната селекција. Бразил испадна од Хрватска на пенали во четвртфиналето на СП. Во пенал-серијата најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар, не доби можност да изведе пенал.

Екс-фудбалерот Нето беше критичен, можеби повеќе отколку што треба.

„Готово. Ти си идиот. Не си тренер. Најлошиот тренер во историјата на бразилската фудбалска репрезентација. Не заслужуваш да бидеш тука“, вели Нето.

Тите кој по елиминацијата на „кариоките“ кои важеа за главен фаворит за освојување на шампионската титула ја презеде одговорноста и се повлече од селекторската функција, објасни зошто Нејмар не изведуваше пенал.

„Тој требаше да го изведе последниот пенал. Играч кој има квалитет и карактер да преземе одговорност под притисок“, се обиде да објасни Тите.

Тите се наврати на комплетното издание и не можеше да поверува дека Хрватска помина иако имаше само еден удар кон голот на Алисон.

Треба да знаете
Последни објави