Турција прогласи тримесечна вонредна состојба во 10 региони погодени од катастрофалниот земјотрес

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во објава на Фејсбук соопшти дека за поефикасно справување со последиците од земјотресот, воведува вонредна состојба во десет провинции, кои ги означи како „зона на катастрофа“.

„Во согласност со член 19 од Уставот, донесовме одлука да прогласиме вонредна состојба во времетраење од три месеци во нашите десет провинции за побрзо спроведување на спасувачките акции и потрагата по преживеани“, порача Ердоган.

Јужниот дел на Турција на границата со Сирија, како и Сирија вчера беа зафатени од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во кој според последните податоци кои не се конечни животот го загубија 4890 лица а стотици илјади од двете страни на границата се повредени.

Вчерашниот ден го одбележаа серија земјотреси во Турција и Сирија но со послаб интензитет. И денеска, во централна Турција, имаше земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Треба да знаете
Последни објави