Трката за Големата награда на Холандија ќе се вози на патеката Зандворт до 2025 година, соопшти денеска Формула 1.
Трката за ГН на Холандија беше вратена во календарот на Ф1 во 2021, по пауза од 36 години.
„Со новиот договор е предвидено додавање на сезоните 2024 и 2025 на првичниот тригодишен договор. Трката на патеката Зандворт брзо стана една од најомилените во календарот благодарение на прекрасната атмосфера која ја направија холандските навивачи во 2021 и 2022 година”, се наведува во соопштението на Ф1.
Новата сезона во Ф1 стартува на 5 март 2023 со трка за Големата награда на Бахреин.