Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и Белгија, Еден Азар објави повлекување од националниот тим.
– Денес се врти страница… Ви благодарам за вашата љубов. Ви благодарам за вашата поддршка. Ви благодарам за сета среќа што ја споделуваме од 2008 година. Решив да ја завршам кариерата во репрезентацијата. Замената е подготвена. Ќе ми недостига репрезентацијата, напиша Азар на социјалните мрежи.
Триесет и едногодишниот играч одигра 126 натпревари за националниот тим, постигна 33 гола и направи 36 асистенции. Неговото деби се случи во ноември 2008 година.
Азар го зазема 4-тото место по број на натпревари и 2-то по голови во историјата на белгиската репрезентација.
Со репрезентацијата Азар стигна до бронзен медал на Светското првенство во Русија 2018 година.
На Светското првенство во Катар 2022 година, Белгијците не успеаја да ја поминат групата, завршувајќи на третото место по Хрватска и Мароко.