Турските граѓани гледаа додека спасувачките и медицинските екипи, кои пристигнаа два дена по земјотресот, извлекуваат безживотни тела од урнатините во Антакија, главниот град на турската провинција Хатај. Областа сега е преполна со копачи и машини за копање, но пред 12 часа очајните жители бараа резерви од волонтерски камион, каде што мајките викаа за помош за своите деца, пишува „Скај њуз“.
На чистината денеска беа наредени тела завиткани во кеси, а според новинарите, на торбите имало и налепници со имиња.
„Има испишани имиња на ознаките и срцекршачко е да се гледаат луѓе што одат во редот на мртвите за да ги проверат ознаките“, рече дописникот на „Скај њуз“.
Новинарот бил сведок на многу шокантна сцена во Антакија.
„Еден човек се свитка покрај телото кога го препозна името. Го видовме како седи покрај телото и тивко липа одбивајќи да замине“, рече новинарот.
„Има многу гнев кај жителите овде, кои сметаат дека властите бавно реагираат. Видовме неколку расправии меѓу жителите на Антакија и оние што управуваат со копачите бидејќи има несогласувања за пристапот кон пронаоѓање на заробениците“, додава дописникот, пренесе „Телеграф.рс“.