Американскиот телевизиски канал „ESPN” го претстави ажурираниот рејтинг со шансите на тимовите да стигнат до НБА плејофот и да го освојат трофејот.
Главните кандидати за титулата според резултатите од симулацијата се Милвоки (40%) и актуелниот шампион Голден Стејт (23%).
Интересно е типувањето за Лос Анџелес лејкерс, тим на кој му се даваат само 0,9 % шанси да биде во првите осум во Конференцијата, односно да игра плеј-оф.
Според оваа пресметка „езерџиите” ќе ја завршат сезоната на 12. место во Западната конференција со резултат 38 победи и 44 порази.
Тоа ќе значи и крај на 13-годишната серија на учество во плејофот за првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.
Овој рејтинг на ЕСПН се базира на коефициентот на сложеност на игрите и последните перформанси на секој тим. Пресметката е направена со методот од десет илјади компјутерски симулации за остатокот од сезоната.