(Видео) На двајца гости зад грб им пукна аквариум во кафуле во Никшиќ

Двe помлади момчиња кои седеле во кафуле во црногорскиот град Никшиќ се соочиле со неочекувана незгода откако пукнал големиот аквариум во кафулето, кој се наоѓал зад нивната маса.

Излеаната вода од аквариумот целосно ги поплавила двајцата несреќни посетители.

Како што се гледа од снимката направена од надзорната камера во локалот, двајцата гости мирно седеа и разговараа, кога одеднаш аквариумот пукна, пренесува „Антена М“.

За среќа, момчињата не биле повредени при оваа незгода, туку само „освежени“ со вода.

Треба да знаете
Последни објави