Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), ги повика лидерите на Украина да престанат да се закануваат со бојкот на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Првиот човек на олимпиското движење истакна дека ваквите закани се „за жалење“. Се започна кога МОК објави дека ќе ја разгледа можноста руските и белоруските спортисти да учествуваат на Игрите во Париз под неутрално знаме.
Веднаш по таа објава Украина, која беше нападната од Русија, се закани дека можеби ќе ги бојкотираат Игрите во Париз и дека истото ќе го сторат уште неколку европски земји.
Володомир Зеленски, претседателот на Украина, истакна дека доколку Русите и Белорусите добијат дозвола да учествуваат на Игрите во 2024 година, МОК ќе испрати порака во светот дека „дека теророт е прифатлив“.
„Не ми се допаѓа како се однесуваат челниците на спортот во Украина. Тие се обидуваат да создадат тензии пред да донесат одлука, а тоа е во најмала рака жално“, рече Бах.