Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор: имаме поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ.
Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.
Со принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.
Во услови кога се уште светот е во енергетска и економска криза, стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.
Нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.
Се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Поголема поддршка добива планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи.
Кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ во интерес на сите граѓани и иднината на земјата.
Се отвора можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Јасно е дека изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година. Ова е добро за стабилноста, за инвеститорите и за економијата.
Работите се јасни. СДСМ го задржува бројот на министри како и досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и на европскиот курс на земјата и политичка стабилност.
Опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица, кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија. Разликата е јасна.
За жал, Левица го зеде ВМРО-ДПМНЕ како заложник. Исто како во деновите на Груевски, кога беа блокирани евроинтеграциите. Денеска повторно закана за нашата иднина доаѓа од страна на Апасиев и Мицкоски. Мора да ги здружиме силите и да не им дозволиме повторно да не блокираат 11 години, како минатиот пат.