ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашното задолжување од 130 милиони евра како да навестува изборна корупција

Власта ја води Република Македонија кон економски колапс – Тевдовски и Заев вчера, на месец и половина пред избори не задолжија за нови 130 милиони евра, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму исто така јавно прашуваат каде ќе завршат овие пари и зошто ова задолжување се врши пред избори односно дали станува збор за изборна корупција.

„СДСМ ја носи државата кон презадолженост. За само две години колку се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП. Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за 1.4%“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ нема капацитет да ја води државата и поради тоа мора да си замине од власт.

„Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада“, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави