Поранешниот светски боксерски шампион, Владимир Кличко, и официјално е главен кандидат за претседател на Меѓународната боксерска аматерска асоцијација (АИБА), пренесува руската државна агенција „ТАСС“.
Според „ТАСС“ оваа информација е презентирана на членовите на Извршниот комитет на АИБА на состанокот што се одржал во Дубаи, на кој Извршниот комитет на едногласно гласаше да го суспендира актуелниот претседател Чинг-Куо Ву, кој беше обвинет за финансиски малверзации.
Комитетот реши да се свика вонреден конгрес во јануари 2018 година, кога ќе биде поднесена и иницијативата за гласање на недоверба на Ву, по што се очекува и официјално Кличко да биде номиниран за претседател на АИБА. Номинацијата на 41-годишниот Кличко во меѓувреме е официјално прифатена.
Украинецот стави крај на неговата богата и успешна кариера во август годинава, кога во последниот свој меч загуби од британскиот боксер Џошуа.