Одлуката на Полска за затворање граничен премин е „катастрофална“

 Управата на граничната полиција на Белорусија денеска соопшти дека одлуката на Варшава да го затвори граничниот премин Бобровники меѓу Полска и Белорусија е „катастрофална“. Во соопштението се додава дека тој потег на Полска може да доведе до колапс на сообраќајот од двете страни на границата.

„Преостанатите два гранични премина меѓу Полска и Белорусија ќе бидат преоптоварени, на критично ниво“, се вели во соопштението. Таа одлука е донесена со намера „понатамошно да се влоши ситуацијата на границата и да се ограничи патувањето на граѓаните“, се заклучува во соопштението на Управата за гранична полиција на Белорусија.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински вчера најави дека земјата ќе го затвори Бобровники, клучниот граничен премин со Белорусија, до понатамошно известување „во интерес на државната безбедност“. 

Треба да знаете
Последни објави