Карло Анчелоти реши да ја прифати понудата и да стане нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација. Оваа информација ја пренесува ESPN по преговорите што ги водеа Бразилците и италијанскиот тренер.
Според ESPN, информациите за преземањето на Бразил од Анчелоти нема да бидат објавени пред крајот на тековната сезона бидејќи тој има валиден договор со Реал до летото 2024 година.
По оваа сезона тој договор би требало да биде раскинат, а Анчелоти тогаш би ги преземал Бразилците до Светското првенство кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Истиот извор пренесува дека не е потпишан договор, туку дека се договорени сите услови, а Анчелоти за прв пат во својата богата кариера ќе стане тренер на репрезентација.
Досега ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал, Баерн, Наполи и Евертон да се вратат во Мадрид во 2021 година.