Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека целта на Русија е цела Украина, но Киев нема да се согласи на тоа и ќе преговара со Москва дури кога последниот руски војник ќе ја напушти земјата.
„Киев беше и останува цел на агресорите. Киев е срцето на Украина. Тој е главен град и главна цел. Целта на Русија е цела Украина. Тие ја сакаат цела Украина. Тие ќе дојдат кај нас“, Кличко изјави во интервју за Дневник на ХТВ, пренесува ХИНА.
Кличко рече дека Украина ќе седне на преговарачка маса само под еден услов – „кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина“.