Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:
За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.
За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.
За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.
За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.
За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.
За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу.