Реконструктивни зафати на патната мрежа од утринава се одвиваат во населбата 11 Октомври Згради. Нов асфалт ќе добијат улици на кои 60 години не е извршена никаква интервенција, а интензивно се користат, бидејќи се во централното јадро на општината, кое е и најгусто населено. Асфалтирани ќе бидат улицата ,,Ѓорѓи Сугаре” со сите нејзини краци и кракот на улицата ,,Михаил Чаков”, а се решава и проблемот со паркирањето преку изградбата на неколку нови паркинзи. Покрај на функционалноста, Општина Кисела Вода внимава и на естетиката, па така, со ново зеленило, урбана опрема и нови пристапни патеки ќе се подобри и ликот на овој дел од градот.
-Максимално се вложуваме за секој дел од Кисела Вода да биде поубав, бидејќи мојот народ го заслужува тоа! Саботното утро започна со реконструктивни зафати на патната мрежа во населбата 11 Октомври Згради, каде што за скоро време улицата ,,Ѓорѓи Сугаре” со сите нејзини краци ќе добие комплетно нов асфалт, како и кракот на улицата ,,Михаил Чаков”. Се работи за позиции на кои не е интервенирано речиси после земјотресот во Скопје, а се улици кои секојдневно се користат од граѓаните и навистина претставува проблем секое движење по нив. Сѐ до овој момент, бидејќи по завршувањето на реконструкцијата тоа ќе остане во минатото.
Во овој дел од општината, го решаваме и проблемот со паркирањето кое беше даден збор пред моите сограѓани, па паралелно се прават нови четири паркинзи кај трим патеката кои се веќе во завршна фаза, како и уште еден во населбата.Нема да изостане ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик, па така овој епитет кој во минатото беше запоставен ќе биде оправдан со ново зеленило, уредување на пристапните патеки до влезовите како и урбана опрема. Интензивно работиме на места каде што со години никој не инвестирал, сето тоа за мојот народ да има поквалитетни услови и нашата Кисела Вода повторно да биде убаво место за живеење.Разликата, веќе се чувствува-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.