Тотенхем стигна до втората победа во новата сезона од Премиерлигата откако на домашен терен славеше против Вулверхемптон со 1-0 на отварањето на третото коло.
Вулверхемптон беше подобриот противник во првото полувреме во кое имаше осум обиди кон противничкиот гол повеќе од Тотенхем (1-9), но не успеа да ја внетме топката во мрежата па резултатот остана 0-0. Тотенхем одговори подобро во второто полувреме, а наградата стигна во 64. минута кога по корнер Иван Перишиќ асистираше до Хари Кејн.
Со денешната победа Тотенхем стигна до седмиот освоен бод и се искачи на врвот на Премиерлигата. Вулверхемптон пак и покрај добрата игра и по третото коло сеуште чека на првата победа во сезоната. „Волците“ имаат скор од два порази и едно реми.