Челси го сака капитенот на Јунајтед- Мегваер во замена за Пулишиќ

Англиските медиуми синоќа објавија вистинска трансфер бомба.Угледниот „Дејли мејл“ тврди дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер би можел да го напушти клубот на крајот од преодниот рок и да потпише за лондонски Челзи.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат Кристијан Пулишиќ од Челзи. „Сините“ се расположени за размена и би сакале да го доведат капитенот на тимот од „Олд Трафорд“.

„Неговата иднина под водство на Ерик тен Хаг е во големи прашалници. Стартното место е загрозено и ако не биде во стартниот тим против Ливерпул, тоа ќе биде знак дека нема да биде прв избор на Тен Хаг“, пишува. Дејли Мејл.

Исто така се наведува дека Весли Фофана и понатаму е прва опција за Челзи, но нема да им смета доколку го доведат најскапиот дефанзивец во светот кој е под огромен притисок во Манчестер.

Несреќниот Мегваер често е етикетиран како главен виновник за сè лошо што се случува. Не му помогнаа ниту грешките кои ги направи, а никој не би се бунел доколку го напушти клубот.

Минатата сезона овој дефанзивец дури доби и смртни закани од навивачите на Јунајтед кои би сакале да го видат неговиот грб свртен кон Олд Трафорд.
Ќе видиме дали ќе се постигне договор меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, а доколку се случи тоа ќе биде многу неочекуван договор кој никој не можеше да го претпостави.

Хари Мегваер стана член на Црвените Ѓаволи во 2019 година. Тој пристигна од Лестер за рекордни 80 милиони фунти и стана најскапиот дефанзивец досега.

Сепак, тој никогаш не ја оправда таа цена. Одигра навистина катастрофално и поради тоа се најде на удар на навивачите. И покрај се ја доби капитенската лента, но лесно може да се случи таа наскоро да краси туѓа рака.

Вкупно, 29-годишниот фудбалер одигра 146 натпревари за гигантите од Театарот на соништата и постигна седум гола.

Треба да знаете
Последни објави