Мијалков честеше мекици во „Мериот“ за внуката пред да оди во затвор

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков неколку дена пред да започне со издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор го прослави раѓањето внуката на забава во хотелот Мериот, објави „Репортер“.

На социјалните мрежи објавени со фотографии од забавата којашто ја направиле Мијалкови, а поранешниот директор е сликан со пејачката Тамара Тодевска, која пеела на забавата.

Вмнуката се роди на 15 август, а на забавата присутна била и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска,кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Иванова.

Треба да знаете
Последни објави