Барди дебитираше со два гола, пораз на Трабзон од Анталијаспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше блескаво деби за Трабзон во турскиот шампион. Сепак ниту неговата блескава игра не му помогна на актуелниот шампион да го избегне поразот во дуелот со Анталијаспор (5:2).

Трабзон имаше негатива од два гола, кога Барди во 43.минута влезе на теренот, на местото на повредениот Хасполат. Седум минути подцна, во петтата минута од судиското надополнување на времето, по додавањето од Корнелиус успеа да го намали резултатот.

Во 73.минута Трезеге му асистираше на Барди кој го постигна вториот гол со кој Трабзон израмни на 2:2.

Сепак Трабзон не успеа да го избегне поразот, Бајракдар во 81.минута го постигна третиот гол за Анталијаспор, истиот играч во 96.минута зоглеми на 4:2, а две минути подоцна Рајт стави точка на мечот.

Треба да знаете
Последни објави