УЕФА доби 1,5 милијрди евра за телевизиските права на ЛШ

 Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги продаде телевизиските права за натпреварите во Лигата на шампиони за северноамериканскиот пазар за сума од 1,5 милијарди евра, потврди мрежата Си-Би-Ес, чиј сопственик е компанијата Парамаунт.

УЕФА склучи договор до Парамаунт, кој ги откупи правата за елитното европско клупско натпреварување за следните шест години.

Претходниот договор меѓу УЕФА и Парамаунт истекуваше во 2024 година, а цената на претходниот аранжман за северноамериканскиот пазар изнесуваше 100 милиони евра по сезона.

Зголемувањето, според кое телевизиските права ќе изнесуваат 250 милиони евра по сезона, директно е поврзано со зголемениот број учесници во ЛШ од сезоната 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави