Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот во Синсинати, откако го совлада Американецот Џон Иснер.
Седмиот тенисер во светот победи со 2:1, а сетови беа 7:6, 5:7 и 6:3. Дуелот траеше два часа и 22 минути.
Циципас за пласман во финалето ќе се бори со светскиот рекет број еден Данило Медведев, кој претходно го елиминира Тејлор Фриц.
Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Нори и Чориќ.
Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, 152. играч на АТП рангирањето, по речиси четири години повторно се пласираше во полуфинале на Мастерс 1000 АТП турнир.
Тој го победи во четврт-финалето Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, деветтиот играч во светот6:4, 6:4 по 100 минути борба.
Хрватот имаше долга пауза поради повреда, но сензационално го елиминираше Рафаел Надал на стартот од мастерсот во Синсинати, по што совлада уште еден Шпанец и тоа Роберт Баутиста-Агут.