Вечерва се одиграа три од четирите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, а данскиот дуел меѓу Алборг и ГОГ ќе се одигра во четврток.
Се истакнаа Кил и Веспрем- Кил во Букурешт и Веспрем во Сегед. Двете гостински екипи славеа со по неверојатни 13 гола разлика, што е ужасен резултат во оваа фаза од натпреварувањето. Така Кил оди на ПСЖ, а Веспрем на Киелце во четврт-финалето.
Во Букурешт против Динамо Кил веќе имаше 15:5 во 24. минута, заврши 41:28 за германскиот тим, па реваншот ќе биде формалност. Кај Кил Јохансон, Сагосен и Дамке постигнаа по 6 гола,а кај Динамо Кудуз и Каспарек постигнаа по 6 гола.
Во Сегед, Веспрем имаше +10 во 28. минута, полувремето беше +13, а заврши 36:23.
Кај Веспрем, 11 голови на Маргуч,а најефикасен кај домаќините беше Радивојевиќ 6.
Во последниот натпревар на денот Висла и Нант ремизираа 32:32.
За потсетување, победникот од тој меч оди кај Магдебург во четврт-финалето.