Во Македонија овие изминати години се појавија голем број гејмери, со желба за успех во но и надвор од нашите простори.
Македонските талентирани E-спорт играчи, за нивната посветеност и љубов кон гејмингот изминативе 10 години беа наградувани на светски турнири. За жал, нивниот успех најчесто останува незабележан. Главната слика која луѓето ја гледаат кога станува збор за оваа индустрија претставува тотално губење време, што резултира со тоа гејмерите да не се поддржани ниту од семејствата. Сепак гејмерите упорно ги следат своите соништа и се надеваат дека ќе допринесат успех не само за себе си, туку и за својата држава и често пати се обидуваат да ги убедат своите најблиски дека е можно да се има профит и успех со Е-спортот.
Во нашата држава луѓето се скептични кога станува збор за овој начин на заработка, а пак гејмерите се етикетирани како мрзливи луѓе кои избегнуваат физичка работа. Во Македонија гејмингот како е-спорт се уште не е официјализиран, што придонесува негативен ефект и ги обесхрабрува младите целосно да му се посветат, додека пак на светско ниво тоа веќе се смета за навистина одлична инвестиција.
Минатата година во Јануари, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, при расправата на Законот за спорт, предложи додавање на видеоигрите и игрите со карти. Таа побара можност за отворање на законот и негово подобрување, меѓу другото, со додавање на е-спортот. За жал тоа остана така, недовршено.
Што претставува Е-спорт?
“Е-спорт претставува мултиплеер видео игра, играна од страна на професионални играчи, исклучиво пред публика.” – не’ информира Даниел “DAN1ZZZZ” Хајредин од Vilay Esport
Според Вас постојат ли “професионални” играчи на видео игри?
Семих “Osama” Ќамил