Пораз на Лајпциг во Берлин

Фудбалерите на Унион Берлин вечерва го победија Лајпциг со 2:1, во натпреварот од третото коло на германската Бундес лига. Водечкиот гол за домашниот тим го постигна Џордан Сибачо во 32. минута, а шест минути подоцна предноста на домашниот тим ја зголеми Шералдо Бекер.

Почесниот гол за Лајпциг го постигна дефанзивецот Вили Орбан во 83. минута.

Унион Берлин е на второто место со седум бодови, додека Лајпциг е на 11. место во Бундес лигата, без победа и со само два бода.

Во следното коло тимот од главниот град на Германија гостува кај Шалке, а Лајпциг го пречекува Волфсбург.

 

Треба да знаете
Последни објави